Од 17 до 19 Март 2013 во Прага, Република Чешка Здружението на сертифицирани истражувачи на финансиски криминал и измама ACFE (Association of certified fraud examiners) одржа Конференција на која присуствуваше Директорот на Бирото за судски вештачења Г-дин. Дени Ѓорчевски и Д-р Костадин Дуковски.
На конференцијата беа презентирани повеќе теми и истражувања во врска со спречувањето на финансискиот криминал и измама,истражните мерки, новите алатки кои се користат за спроведување на истрагата, , како и можностите за запирање на финансиската измама пред таа да започне.
Министерот за правда Блерим Беџети беше во посета на Бирото за судски вештачења кое доби меѓународен сертификат за систем за управување со квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2008.
Со овој сертификат ќе се подобри квалитетот на услугите кои Бирото за судски вештачења ги испорачува на судовите, физичките и правните лица во Македонија.
Бирото за судски вештачења(орган во состав на Министерството за Правда на РМ) на 22.01.2013, доби Меѓународен Сертификат за Систем за Управување со Квалитет согласно Стандардот ИСО 9001:2008. Со добивањето на ИСО сертификатот Бирото за судски вештачења го подобри квалитетот на услугите кои ги користат судовите, граѓаните и сите заинтересирани лица.
Бирото за судски вештачења член на Европската Асоцијација на проценители, TEGoVA, Брисел
На 10 Ноември 2012 год. Бирото за судски вештачења (БСВ) официјално стана член на Европската Асоцијација на проценители, ТЕГоВА чие седиште е во Брисел.
На Генералното Собрание кое се одржа во Рим, Италија, БСВ стана дел од водечка професионална организација за процена која ги застапува интересите на 48 професионални асоцијации од 28 земји.
